Здружението „6-та Ѕвезда“ објавува повик за ангажирање на стручен соработник кој ќе учествува во подготовка на едукативни видеа на тема палијативна нега, наменети за семејства и негуватели.
Оваа активност се реализира во рамки на проект кој има за цел да ја подобри достапноста и квалитетот на информации за грижата за палијативни пациенти во домашни услови. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.
Главни задачи:
- Подготовка на концепт и сценарија за едукативни видеа,
- Соработка со тимот на здружението,
- Обезбедување точност, стручност и прилагоденост на содржината според таргет-публиката,
- Присуство на снимања и обезбедување квалитет на содржината од едукативен аспект,
- Изработка на видеата
Профил на кандидатот:
- Минимум 1 година искуство во областа на дигитален маркетинг, како и креирање едукативна содржина,
- Одлични комуникациски и организациски вештини
- Самостојна и проактивна работа
- Пожелно: искуство во проекти/невладини организации
Времетраење на ангажманот:
- 5 работни дена, во периодот 5 септември – 15 септември 2025
Потребни документи за аплицирање
- Биографија (CV)
- Финансиска понуда (цена по ден)
- Примери од досегашна работа (по можност линкови)
на e-mail: sixthstar@gmail.com
со наслов: „Апликација – Видеа за палијативна нега“
🕒 Рок за пријавување: 5 (пет) дена од денот на објавување, заклучно со 2 септември 2025 година

