Оглас за ангажирање на 2 експерти за подготовка на документ со препораки и научени лекции

Оглас за ангажирање на 2 експерти за подготовка на документ со препораки и научени лекции

Здружението „6-та Ѕвезда Скопје објавува повик за ангажирање на 2 експерти кои ќе изработат документ со препораки и научени лекции од спроведувањето на проектот.
Оваа активност се реализира во рамки на проект кој има за цел да ја подобри достапноста и квалитетот на информации за грижата за палијативни пациенти во домашни услови. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.


Главни задачи:

  • Анализа на реализираните активности и проектни резултати,
  • Идентификација на предизвици, успешни практики и научени лекции,
  • Подготовка на јасни и применливи препораки за идни иницијативи,
  • Консултација и координација со проектниот тим,
  • Финална изработка на документ со препораки и научени лекции.

Профил на кандидатите:

  • Завршено средно/високо образование (општествени науки, дигитален маркетинг, или сродни области),
  • Минимум 3 години професионално искуство во подготовка на анализи, извештаи или стратегии,
  • Познавање на проектен циклус и работа во/со граѓански организации,
  • Одлични аналитички и писмени вештини,
  • Самостојност, прецизност и способност за работа во кратки рокови.

Времетраење на ангажманот:

  • Вкупно 2 работни дена во периодот 15ти септември – 20ти септември 2025 годин

Потребни документи за аплицирање:

  • Биографија (CV),
  • Финансиска понуда (цена по ден),
  • Примери од досегашна работа (документи, публикации или слично).

Документите треба да се испратат на e-mail: sixthstar@gmail.com со наслов: „Апликација – Експерти за документ со препораки“

🕒 Рок за пријавување: 5 (пет) дена од денот на објавување, заклучно со  2 септември 2025 година