Оглас за ангажирање на стручен соработник за подготовка на едукативни видеа за палијативна нега

Оглас за ангажирање на стручен соработник за подготовка на едукативни видеа за палијативна нега

Здружението „6-та Ѕвезда“ објавува повик за ангажирање на стручен соработник кој ќе учествува во подготовка на едукативни видеа на тема палијативна нега, наменети за семејства и негуватели.

Оваа активност се реализира во рамки на проект кој има за цел да ја подобри достапноста и квалитетот на информации за грижата за палијативни пациенти во домашни услови. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.


Главни задачи:

  • Подготовка на концепт и сценарија за едукативни видеа,
  • Соработка со тимот на здружението,
  • Обезбедување точност, стручност и прилагоденост на содржината според таргет-публиката,
  • Присуство на снимања и обезбедување квалитет на содржината од едукативен аспект,
  • Изработка на видеата

Профил на кандидатот:

  • Минимум 1 година искуство во областа на дигитален маркетинг, како и креирање едукативна содржина,
  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Самостојна и проактивна работа
  • Пожелно: искуство во проекти/невладини организации

Времетраење на ангажманот:

  • 5 работни дена, во периодот 5 септември – 15 септември 2025

Потребни документи за аплицирање

  • Биографија (CV)
  • Финансиска понуда (цена по ден)
  • Примери од досегашна работа (по можност линкови)

на e-mail: sixthstar@gmail.com
со наслов: „Апликација – Видеа за палијативна нега“

🕒 Рок за пријавување: 5 (пет) дена од денот на објавување, заклучно со 2 септември 2025 година