Здружението „6-та Ѕвезда“ Скопје објавува повик за ангажирање на 2 експерти кои ќе изработат документ со препораки и научени лекции од спроведувањето на проектот.
Оваа активност се реализира во рамки на проект кој има за цел да ја подобри достапноста и квалитетот на информации за грижата за палијативни пациенти во домашни услови. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.
Главни задачи:
- Анализа на реализираните активности и проектни резултати,
- Идентификација на предизвици, успешни практики и научени лекции,
- Подготовка на јасни и применливи препораки за идни иницијативи,
- Консултација и координација со проектниот тим,
- Финална изработка на документ со препораки и научени лекции.
Профил на кандидатите:
- Завршено средно/високо образование (општествени науки, дигитален маркетинг, или сродни области),
- Минимум 3 години професионално искуство во подготовка на анализи, извештаи или стратегии,
- Познавање на проектен циклус и работа во/со граѓански организации,
- Одлични аналитички и писмени вештини,
- Самостојност, прецизност и способност за работа во кратки рокови.
Времетраење на ангажманот:
- Вкупно 2 работни дена во периодот 15ти септември – 20ти септември 2025 годин
Потребни документи за аплицирање:
- Биографија (CV),
- Финансиска понуда (цена по ден),
- Примери од досегашна работа (документи, публикации или слично).
Документите треба да се испратат на e-mail: sixthstar@gmail.com со наслов: „Апликација – Експерти за документ со препораки“
🕒 Рок за пријавување: 5 (пет) дена од денот на објавување, заклучно со 2 септември 2025 година
