6-та Ѕвезда Здружение на граѓани

За организацијата

6-та Ѕвезда е граѓанска организација основана во 2006 година како резултат на ентузијазмот и желбата за промени во општеството на неколку млади луѓе.

Состојбите во општеството тогаш, а може да се каже денес уште повеќе, го ставаат граѓанинот и неговите потреби во втор план. Желбата на секој човек е да живее оптимално, во благосостојба и да може непречено да создава вредности за себе и за својата околина.

Визија и мисија

Нашата визија е преку унапредување на општествените процеси во Македонија, и тоа во областите на човековите права, социјалната заштита, енергетската ефикасност, заштита на природата, преку зголемување на информатичката писменост, комуникација и култура да придонесеме кон градење на општество и здрава животна средина и да ги зајакнеме капацитетите на граѓаните за да го изборат своето заслужено место на највисоката точка на приоритетите во системот.

Ова го спроведуваме преку секторско и меѓу секторско делување, применети политики и застапување на нашата целна група која ги опфаќа сите граѓани на Македонија.

Управување

6-та Ѕвезда има двостепен систем на управување, Собрание и Управен одбор. Организацијата е застапувана и претставувана од Претседателот на здружението. Водството на организацијата има соодветно знаење за управување со истата и секогаш го промовира учеството и вклученоста на оние кои што соработуваат со неа (членови, корисници, персонал). Водството секогаш работи на личниот професионален развој и бара можности за учење, споделување и личен развој за персоналот.

Постигнувања

- 6-та Ѕвезда е партнер во имплементацијата на проектот Индекс на граѓанско општество – анализа и поддршка за развој на граѓанското општество, имплементиран од ЦРИС Студиорум, финансиран од Цивика мобилитас,
- Учествуваме во реализацијата на креирањето на Регистарот на станбени згради и Ресурсниот центар www.domuvanje.org.mk кои беа дел од проектот на УСАИД и Хабитат Македонија „Енергетска ефикасност во секторот домување“,
- Бевме дел од организацискиот тим на конференцијата ГРЕДИТ 2016 www.benainfo.net/gredit,
- Учествувавме во низа активности во земјава и во регионот на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа (ЗМЈИЕ) www.seehn.org
- Преку порталот www.moebebe.mk, континуирано спроведуваме он-лајн дискусии за потребите и проблемите со кои се соочуваат младите родители и им овозможуваме стручна поддршка и обуки за надминување на истите.

Документи

Наскоро...

Контакт

Адреса:
Нобелова бр.8, 1000 Скопје


Адреса на канцеларија:
Никола Парапунов бр.41, 1000 Скопје


Контакт телефони:
+389 2 6143 676, +389 71 232 242


Е-маил:
sixthstar@gmail.com


f t